Радио Милева борба за опстанок

„Живеевме во страшни услови!“: Гоца Тржан се присети на тешките моменти од нејзиниот живот (фото)

„Живеевме во страшни услови!“: Гоца Тржан се присети на тешките моменти од нејзиниот живот (фото)

Гоца Тржан се присети на деновите поминати во реалното шоу Преживеани и откри какво било времето поминато таму, како и дали повторно би била учесник во ваков голем проект:

– Луѓето кои одат во реални шоуа од тој тип за да се претстават, грешат на старт. Преживеани е опстанок. Кога бевме таму, немавме што да јадеме, навистина живеевме во страшни услови, се вратив со лузни на лицето, од нехигиена. Сè беше поинаку. Беше исклучително тешко, но во таква сезона повторно би се пријавила – изјави Гоца за тамошните медиуми.

Да потсетиме, Гоца победи во Преживеани, а како што откри по натпреварот, тоа беше една од нејзините најдобри одлуки.

– Преживеани е третото најдобро нешто што ми се случило во животот, по бракот и раѓањето на ќерка ми. Се борев како змеј! Брзо се навикнав на недостатокот на храна и хигиена. Ама ако некој ми спомне ориз во наредната година ќе има тепачка! –  На Филипините ослабев седум килограми – рекла Гоца по враќањето во Србија.

фото: printskrin/instagram/gocatrzan

To top