На систематскиот преглед кој беше задолжителен за сите учесници на „Елита“ се појави стерлетата од Словенија, Дениз Дејм.
Нејзиниот изглед предизвика големо внимание, но кога започна осмата сезона, Дениз не се пресели во Белата куќа.
Во пресрет на самото отворање, кое траеше две ноќи, Дениз објави:
– Се разбудив со 74 пропуштени повици и инбокс полн со прашања. Нема да учествувам во Елита. Ќе зборувам кога ќе бидам подготвена. Ви благодарам за поддршката – истакна таа.
Словенечката ѕвезда сега одговараше на бројни прашања кои и ги напишаа нејзините следбеници на Инстаграм, а повеќето беа за тоа што не влезе во реалното шоу, поради што Дениз реши да ја открие вистинската причина.
– Секое друго прашање е дали влегов и зошто не влегов, па ќе ви ја кажам вистината. Јас не влегувам. Нема да влезам и не влегов бидејќи на лекарскиот преглед не беше се како што треба. Не можам повеќе да зборувам, но ви ветувам дека сега подготвувам нешто уште поголемо, се гледаме – објави Дениз.
фото: print Screen/Instagram/denisedameofficiel