Музичката легенда Здравко Чолиќ сакал да се пробие и на европскиот пазар.
Пејачот Здравко Чолиќ важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот, а своевремено сакал да се прослави и во странство.
Така, тргнал во освојување на германскиот пазар, а притоа се претставувал под друго име. Имено, Здравко на омотите на неколку албуми што ги снимил на германски јазик се потпишувал како Дравцо (Dravco), за на странците да им биде полесно да го изговараат неговото име.
Иако неговите албуми биле многу квалитетни, Чола набрзо се откажал од таа идеја и одлучил да се држи до Балканот.
foto: printscreen/instagram/ zdravko.colic






