Лила Филиповска е една од најпопуларните ТВ водителки во Македонија, но и меѓу највлијателните инфлуенсерки, според посетеноста на нејзините профили на социјалните мрежи.
Лила по борбата со ракот на дојка и тешките моменти кои што ги помина, важи за жена која е храбра и задоволна од животот.
Тешкиот период е веќе зад неа, а Лила по нејзината уникатност и понатаму останува препознатлива.
Таа сега пред нејзините следбеници на Инстаграм откри како се чувствува, а тоа го потврди и со фотографии кои ги собра во едно видео.
„Засекогаш млада“ – јасна беше Лила.
View this post on Instagram
„Лила, како за вино што викаат што повеќе години има толку поубаво станува, исто и ти се подобро, „Незаменлива си Лила“, „Секоја чест да си жива и здрава“ „Кралица“, „Секоја наредна година си се поубава“, се редеа позитивните коментари веднаш по објавата.
Лила неретко знае да се потсети на тие убави спомени од минатото и како изгледала некогаш како што беше случај и сега.
Низ времепловот кој таа го сподели се забележува менувањето на нејзиниот стајлинг , но шармот и привлечноста останале сосема исти.
фото: print Screen/Instagram