Почина Сенка Велетанлиќ, легендарна пејачка и сопруга на Зафир Хаџиманов
Почина српската пејачка Сенка Велетанлиќ, која на македонската јавност ѝ беше позната и како сопруга на реномираниот пејач и актер Зафир Хаџиманов.
На 90-годишна возраст денеска почина Сенка Велетаниќ, објави на Фејсбук нејзиниот син, Васил Хаџиманов.
„Мајка ми Сенка Велетанлиќ нè напушти утрово по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што и доликува“, напиша Хаџиманов на Фејсбук.
Родена е на 27 мај 1936 година во Загреб, каде што дипломирала на Економскиот факултет.
Имала три години кога почнала да пее на радио, а за време на студиите пеела во познати загрепски хорови.
Првите снимки ги направила за Радио Загреб во 1958 година, а веќе во 1960 година, на фестивалот во Опатија, ја испеала песната „Ноќ без ѕвезди“ и се искачила меѓу ѕвездите на југословенската музичка сцена. Набрзо станала препознатлива по својата елеганција и префинетост, секогаш професионална, воздржана и темпераментна во својата интерпретација.
Заедно со својот сопруг Зафир Хаџиманов, снимила многу успешни телевизиски емисии, мјузикли и шансони.
Во 1967 година, Сенка и Зафир го одржаа својот прв рецитал во Ателје 212 во Белград, а ТВ Белград за првпат сними концерт со „лесни ноти“ во живо.
Почина српската пејачка Сенка Велетанлиќ, сопруга на македонскиот пејач, композитор, глумец и поет Зафир Хаџиманов. Во раните утрински часови на 19 јануари 2026 година, на 90-годишна возраст, по тешка болест, мирно замина легендарната српска пејачка Сенка Велетанлиќ. Веста ја соопшти нејзиниот син, Васил Хаџиманов, преку емотивна објава на Фејсбук.
„Мајка ми Сенка Велетанлиќ нè напушти утрово по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што и доликува“, напиша Хаџиманов.
Сенка Велетанлиќ е родена на 27 мај 1936 година во Загреб, каде дипломирала на Економскиот факултет. Уште со три години дебитира на радио, а за време на студиите пее во елитни загрепски хорови. Првите професионални снимки ги прави за Радио Загреб во 1958 година, а во 196 на Фестивалот во Опатија настапува со песната „Ноќ без ѕвезди“. Тогаш станува една од најсјајните ѕвезди на југословенската естрада, позната по својата елеганција, префинетост и темпераментна интерпретација – секогаш професионална и воздржана. На македонската јавност ѝ е особено драга како сопруга на реномираниот пејач и актер Зафир Хаџиманов, со кој заедно создадоа незаборавни музички моменти. Дуетот сними заедно и многу успешни телевизиски емисии, мјузикли и шансони, а во 1967 година го одржаа легендарниот прв рецитал во Ателје 212 во Белград. Токму тогаш ТВ Белград првпат снимаше концерт со „лесни ноти“ во живо, што стана пресвртница во југословенската музичка историја.
Сенка Велетанлиќ ќе остане вечна икона на естрадата – дама чиј глас и грациозност ги освоија генерации.
фото: printscreen/facebook






