Радио Милева дупла радост

За Пријa и Филип убавите вести пристигнаа точно на роденденот на синчето (фото)

За Пријa и Филип убавите вести пристигнаа точно на роденденот на синчето (фото)

Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ го очекуваат своето второ дете, а како што дознаваат српските медиуми наскоро ќе добијат девојче.

Среќната вест пристигна токму за време за прославата на шестиот роденден на нивниот син Александар.

Извор близок до парот откри дека Александра и Филип долго време сакале ќерка и дека се пресреќни што желбата им се исполнила.

– Александра и Филип сонуваа да добијат ќерка и сега, желбата им се исполни. „Секако, најважно им беше бебето да е живо и здраво, но бидејќи веќе имаат син, сакаа второто дете да биде девојче“, ја започнал приказната извор близок на парот.

– Пресреќни се, резултатите стигнаа на роденденот на Александар. Желбата им се исполни и целото семејство едвај чека да дојде наследничката на свет – изјавил изворот за Блиц.рс

Да потсетиме, Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ вчера на 6 март го прославија 6-тиот роденден на синот Александар.

Тие организираа прослава во игротека во Белград, а украсувањето беше во црно-бели тонови.

Прво пристигна роденденското момче Александар во придружба на мајка му и татко му, а по нив тргна и дедото на Александар. Набргу по нив со баба и пристигнала и мајката на Александра, Борка.

фото: printscreen/instagram/aleksandraprijovic/borkamihajlovic1974

To top