Мегафон проверен модел

Воведени големи промени во гласањето на Евровизија 2026

Воведени големи промени во гласањето на Евровизија 2026

Иако Евровизија 2026 е сè уште неколку месеци далеку, целиот свет со денови коментира за музичкото натпреварување, а сега организаторите објавија дека правилата за гласање ќе бидат променети оваа година.

Евровизија ќе се одржи на 12 мај следната година во Виена – второто полуфинале е закажано за 14 мај, а финалето за 16 мај 2026 година.

Во претходните години, беше можно да се гласа до 20 пати по метод на плаќање, а сега тој број е преполовен – на максимум 10.

Друга промена е што стручното жири повторно ќе има улога во полуфиналните вечери. Додека досега финалистите се одлучуваа исклучиво според гласовите на публиката, отсега конечниот резултат во полуфиналето ќе се формира со комбинација од гласови на публиката и жирито (50:50), следејќи го моделот на системот што веќе се применува во големото финале, беше договорено на состанокот што се одржа неодамна.

Да потсетиме, откако беше објавено дека Израел ќе учествува на Евровизија, земјите почнаа масовно да се откажуваат од своето учество.

Шпанија, Ирска, Холандија и Словенија беа меѓу првите што се откажаа од натпреварот.

фото:You tube printscreen/Eurovision Song Contest

To top