Радио Милева Сонце, вода, љубов, страст

Водителката Цеце Николова му кажа чао на летото со најпровокативното од себе во танга бикини (фото)

Водителката Цеце Николова му кажа чао на летото со најпровокативното од себе во танга бикини (фото)

ТВ водителката на утринската програма на Канал 5 телевизија, Цеце Николова, го „фати последниот воз“ од крајот на летото за да го искористи годишниот одмор.

Нејзината дестинација е Анталија – Турција од каде го наполни својот  профил на Инстаграм со летни фотографии и видеа каде ја видовме во сосема поинакво издание од она како се претставува пред камери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova (@nikolova.cc)

Ослободена од сите обврски, шминка и гардероба на на телевизија, но носејќи го најважниот аксесоар на себе- насмевката, Цеце со полни гради ги живее и доживува своите летни денови заедно со саканиот.

Сонце, вода, љубов и страст како совршен летен коктел на кој Цеце се насладува и максимално ужива во истиот.

Шаренинило од бои преку кои таа и љубениот ги поминаа деновите во Сиде, создадоа спомени за паметење, заеднички и само нивни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova (@nikolova.cc)

Цеце во оваа прилика храбро го истакна своето тело во мини танга бикини, а покажа и дека многу сака да се фотографира и позира на морскиот песок и водената шир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova (@nikolova.cc)

Сепак, на летото и летниот одмор мора да му дојде крајот, а снимените моменти ќе бидат оние на кои ќе се прелистуваат чекајќи да се направат нови за следното лето 2025-то.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova (@nikolova.cc)

Следното е јасно и очекувано, со насмевка и полни батерии љубовни вибрации и чувство на среќа назад на работа.

фото:Instagram printscreen/ nikolova.cc

To top