Радио Милева и се може

Водителката на „Брза кујна“ eлегантна, ама и ултра секси во бело мини (фото)

Водителката на „Брза кујна“ eлегантна, ама и ултра секси во бело мини (фото)

Иако уште претходно беше телевизиски лик, водителката Сања Савеска стана препознатлива откако започна да го води кулинарското шоу „Брза кујна“.

Луѓето ја препознаваат, а некои сакаат да и дојдат на гости и пред камерите на „Брза кујна“.

Овој телевизиски ангажман кој го има неколку години наназад откако дојде на местото на колешката Александра Илиевска, и донесе и други ангажмани, па како и повеќето и таа полека навлегува во инфлуенсерските води.

Овој пат на нејзиниот профил на Инстаграм се пофали дека е модел на еден комерцијален бренд за облека, а позираше во бело елегантно комплетче од сако и мини здолниште.

Одмерена, женмствена, но и ултра секси од изданието кое одлично и прилега, а во какво и не сме ја виделе.

-Не е до времето, до желбата е. Кога сакаш – можеш! Кога не сакаш – имаш изговори, стои во описот на објавата од фотографиите.

Лајковите и коментарите се редеа, па пристигнаа и од колешките Елена Стојановска и Ирена Спировска кои и кажаа дека изгледа топ што сигурно дополнително и годеше ваквото ласкање.

фото: Instagram printscreen/ sanja_saveska

To top