Радио Милева привлечна убавица во 🇲🇪

Во костим за капење со животински принт: Софија Шашиќ покажа извајано тело

Во костим за капење со животински принт: Софија Шашиќ покажа извајано тело

Ќерката на Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ, Софија Шашиќ, важи за привлечна убавица и е активна на социјалните мрежи каде што често споделува моменти од егзотични патувања.

Бидејќи сака да споделува моменти од своето секојдневие, а е свесна и за фактот дека изгледа добро, сега објави фотографија во костим за капење.

Убавата бринета неодамна отпатува во Црна Гора, каде што се посвети на хедонизмот, а исто така отплови и со јахта.

Таа позираше во привлечен костим за капење со животински принт кој ги истакнуваше нејзините облини. Софија уште еднаш покажа зошто се смета за една од најзгодните ќерки на познатите личности.

Да потсетиме дека ќерката на Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ неодамна проговори за тоа како не се смета себеси за суетна девојка, и откри на што троши најмногу пари.

– Не сум суетна, но сакам да трошам на себе кога можам да си го дозволам она што го сакам. Кога нешто ми се допаѓа и кога ќе се насочам кон нешто, цената не ме интересира.

Соња Вуксановиќ, за потсетување, го остави Жељко Шашиќ поради неговиот колега и пријател Аца Лукас, со кого доби ќерка. Сепак, нивниот брак не траеше долго и се разведоа.

Foto: printscreen/instgaram

To top