Радио Милева женска за журка

Вчера на Миконос, денес во Монако: Софија Вергара хара по летните забави

Вчера на Миконос, денес во Монако: Софија Вергара хара по летните забави

Летото на Софија Вергара изгледа како разгледница од Медитеранот. Познатата актерка неколку дена одмораше на грчкиот остров Миконос, една од најлуксузните европски дестинации, од каде што секојдневно споделуваше фотографии кои го привлекуваат вниманието на милиони следбеници.

Атрактивната Колумбијка уште еднаш покажа зошто се смета за една од најубавите жени во Холивуд. Во елегантни летни комбинации и опуштена атмосфера, таа уживаше во друштво на пријатели, додека нејзините објави за одмор предизвикуваат бројни коментари на социјалните мрежи.

Со години, Миконос се смета за еден од најпознатите грчки острови кога станува збор за елитниот туризам. За разлика од многу дестинации кои привлекуваат туристи со попристапни цени, тука луксузот е дел од секојдневниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

На некои од најпознатите плажи, лежалките во првите редови покрај морето чинат од 100 евра по лице, додека цените на приватните делови можат да достигнат неколку илјади евра во текот на шпицот на сезоната.

По поминати неколку дена на Миконос, уживајќи и во ноќните забави, Софија веќе е во Монако каде ја продолжува летната забава во своите пријатели.

Фото: Инстаграм/sofiavergara

To top