Пејачот Ален Исламовиќ е роден во Бихаќ, во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, во близина на границата со Хрватска, каде што ја запознал и својата сопруга Марјана, со која има две ќерки, Уна и Лара.

Исламовиќ еднаш откри дека го пропуштил растењето на својата постара ќерка, а сега, кога тие се возрасни, го променил пристапот кон нив.
„За време на повеќемесечните турнеи со „Бијело Дугме“ целосно го пропуштив растењето на постарата ќерка и во тој период мојата сопруга беше задолжена за нејзиното воспитување. Денес, кога и двете пораснаа, почнав да ги контролирам нивните животи. Ми е драго кога гледам дека израснаа во она што го посакувавме за нив, односно да бидат скромни девојки кои го сакаат своето семејство, имаат лојални и искрени пријатели. И денес знаат до која граница можат да одат со нас и никогаш не нè повредиле“, истакнал Ален.

„На моите ќерки никогаш не им било отежнувачка околност тоа што нивниот татко е јавна личност. Од мали научија како треба да се борат низ животот и да го зачуваат семејството. Моите турнеи беа напорни, но се трудев секој слободен момент да го поминувам со нив, така што не им недостигаа ниту летувања, ниту зимувања, ниту патувања…“, раскажал Исламовиќ во емисијата „Премиера“.
Двете ќерки на пејачот денес се среќно омажени и имаат деца, а својот татко често го придружуваат на концертите низ земјите од поранешна Југославија.

Foto: printscreen/facebook/Alen Islamovic





