Цеца Ражнатовиќ пред снимањето на новата емисија „Ѕвездите на Гранд“ беше прашана за наводната бременост на нејзината ќерка Анастасија, бидејќи пред неколку дена се шпекулираше дека таа повторно е трудна.
– Озборувања! Претпоставувам дека како мајка прва би дознала дека е бремена… – низ насмевка одговорила Цеца.
Таа ја коментираше и љубовта на нејзиниот син Вељко кон животните, бидејќи има неколку кучиња.
Неговиот татко многу ги сакаше животните и мислам дека таа љубов ја наследил од него, особено кон кучињата. Чуваше тигар (се смее), што да ви кажам… – рекла Цеца.
Таа истакнува дека нема свое домашно милениче.
– Богдана има малтезер, сестра ми Померанец, јас немам. Тоа бара грижа, немам време. И, сега, да земам животни, да ги чува некој друг и да страда животното, не ми паѓа на памет. Имам внуци – истакнала Цеца за Гранд.
Фото: printskrin/instagram