Радио Милева лимитирана

Трудничкиот стомак на Едина Муса нарасна, а секси мама се стегна во ултра тесен фустан (фото)

Трудничкиот стомак на Едина Муса нарасна, а секси мама се стегна во ултра тесен фустан (фото)

Бремената фитнес инструкторка и екс-кошаркарка, атрактивната русокоса Едина Муса веќе е навлезена во шестиот месец со што трудничкото стомаче веќе е доста видливо.

Како што најави и кога откри дека носи машко бебе, Едина е активна во теретана и не се откажува од вежбање и кравање тегови. Сепак, како нараснува стомакот, идната мама стана лимитирана во поглед на вежбите, но како што појасни, енергијата држи на интензитет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Edina Musa (@edina_musa)

-Секоја недела е предизвик сама по себе. Стомакот забележително расте и со тоа доаѓа до лимитирање на одредени вежби. Преголема активација на стомачните мускули не е препорачлива, па со тоа следи и намалување на килажите со кои претходно сум вежбала. Ова ми е прва бременост и не сум некој експерт во сето ова, и искрено не сакам да се правам јака и да вежбам како што вежбав пред да останам бремена иако имам исто толку енергија и сега да вежбам со истите килажи. Нема потреба од форсирање, но се има потреба од континуирана физичка активност не само за физичкото здравје туку и за менталното. Доволно го знам сопственото тело и чуствувам до кај е лимитот, напиша во описот Едина.

А кога една жена е во друга состојба, а притоа е исполнета, задоволна и среќна, тогаш кога ќе го облече посакуваниот фустан, тогаш едноставно блеска.

Активна во теретана, активна и на социјални мрежи, згодната идна мама е поттик за сите  кои се во блажена состојба како неа, а сепак во можност и со лекарска дозвола да вежбаат и да ја раснат физичката подготвеност и позитивната енергија паралелно со стомачето се до големиот чин.

фото:Instagram printscreen/ edina_musa

To top