Радио Милева нов потег

Труднички стомак во прв план и гола уметност: Накова се породи, па тргна да покажува каква беше во бременоста

Труднички стомак во прв план и гола уметност: Накова се породи, па тргна да покажува каква беше во бременоста

По веста дека во целосна тајност на свет го донесе своето второ дете, познатата македонска старлета и модел Александра Накова реши уште веднаш да ја задоволи љубопитноста на своите обожаватели.

Откако јавноста остана затекната од веста за породувањето, Накова повлече нов потег на социјалните мрежи и откри дел од она што со месеци успешно го криеше од окото на јавноста.

Александра Накова стана мајка по вторпат! За приновата се пофали и овој познат фудбалер

Таа сподели естетска, уметничка црно-бела фотографија на која позира во напредна бременост, во препознатливо провокативно, но елегантно издание. На фотографијата која веднаш собра илјадници лајкови и коментари, Накова позира топлес, со рацете поставени преку градите, носејќи само гаќички од тантела кои го нагласуваат нејзиниот труднички стомак.

Како што самата откри во описот, фотографијата е направена во 29-тата недела од бременоста, со што стана јасно дека манекенката намерно ги одбегнувала вообичаените летни објави во бикини за да го сочува овој убав период во приватност.

Со емотивен статус во кој напиша дека нејзиното срце е полно, таа покажа дека ужива во мајчинството по вторпат, овој пат со синот Александар.

Реакциите и честитките под објавата не стивнуваат, а фановите коментираат дека линијата на старлетата и во бременоста изгледала беспрекорно.

Оваа професионална фотосесија е само потврда дека Накова, дури и кога се повлекува од медиумите, знае како да се врати во центарот на вниманието и да го привлече сиот интерес кон себе.

фото:Instagram printscreen/ naleksandraofficial

To top