Крис Џенер (70), повторно успеа да го привлече комплетното внимание на јавноста со својот изглед.
Таа во саботата се појави на свеченото отворање на Музејот на наративна уметност Лукас во Лос Анџелес, каде за првпат на црвениот тепих јавно ги демонстрираше резултатите од најновиот фејслифтинг, за кој, според американските медиуми, одвоила неверојатни 100.000 долари.

Матријархот на кланот Кардашијан-Џенер на овој настан пристигна во придружба на својот долгогодишен партнер Кори Гембл (45), со кого е во врска повеќе од една деценија.
Трансформацијата на Крис Џенер всушност започна уште во мај 2025 година, кога нејзиниот тим потврди дека таа заминала под нож кај познатиот пластичен хирург д-р Стивен М. Левин, во медиумите опишан како вистински „маестро за лифтинг на лицето“.
View this post on Instagram
Дека нејзиното младолико лице е резултат на сериозни естетски зафати не крие ниту самата таа. На крајот на минатата година, во една од епизодите на нивното реално шоу „Кардашијан“, Крис во отворен разговор со својата ќерка Ким призна дека по толку многу корекции, речиси ништо не останало природно на неа.
View this post on Instagram
Најновите фотографии од Лос Анџелес веднаш предизвикаа бура од реакции на социјалните мрежи, каде многумина коментираат дека со инвестицијата од 100.000 долари, 70-годишната Крис во моментов изгледа како сестра на своите ќерки.
фото:Instagram printscreen/krisjenner





