Теодора Куниќ, ќерката на водителката Сузана Манчиќ е бремена.
Како што можеме да видиме од фотографиите објавени на социјалните мрежи, таа е во поодмината фаза од бременоста.
Нивниот кум објави фотографија од бремената Теодора на својот Инстаграм.

Тие биле во ресторан на ручек, а за оваа пригода убавата трудница избрала елегантен, лелеав кремаст фустан со отворени рамена, кој нежно ја следи нејзината фигура и го нагласува трудничкиот стомак.
Овој пар, чија романса привлече големо внимание од јавноста уште од самиот почеток поради 23-годишната разлика во годините помеѓу Теодора и италијанскиот генерал, не тја крие својата среќа за новото бебе на пат.
Во оваа пригода се огласи и Сузана, која не ја криеше својата среќа.
– Фала му на Бога што бебето доаѓа. Не би сакала многу да зборувам за тоа бидејќи е сè уште рано, најважно за мене е сè да помине добро и бебето да е здраво. Тоа се добри вести, многу сум среќна и едвај чекам – изјави Сузана за „Блиц“.
foto: printscreen/instagram





