Радио Милева „Drama Queen“

Тамара Тодевска лани правеше роденденска фешта, ама годинава важни и беа само големи нешта

Тамара Тодевска лани правеше роденденска фешта, ама годинава важни и беа само големи нешта

Пејачката Тамара Тодевска на 1-ви јуни(понеделник) на море во Грција заедно со саканиот Лука ја дочека 41-та година од својот живот.

Откако комплетно ги избриша објавите од својот профил на Инстаграм и акцентот го стави само на претстојниот албум во најава, насловен „Кукла жива“, Тамара, барем навидум како да го скроти својот темперамент, оној вируелниот, а очигледно и непосредниот ако се суди по она како лани го славеше јубилејниот роденден.

Тогаш роденденската фешта иако нешто подоцна од датумот кога е родена, се случи под отворено небо каде беа присутни сите блиски, најблиски, соработници, пријатели…

Годинава пак, желбите, потребите, енергијата, сосема поразлични и насочени кон големи нешта, пред се оние за вистинските вредности, семејните.

Па така, прославата за 41-от роденден помина скромно во интимна атмосвера со најдрагите- децата Хана и Дарен и секако тука беше Лука и тортата со свеќи.

Дека е концентрирана на големи нешта покажува и тоа што извесен период немаше и настапи, се до неодамна кога се појави на отворањето на гевгелискот мол, а фокусот е само на албумот и концертот закажан за 3-ти октомври.

Денес (3-ти Јуни) Тамара Тодевска во 18 часот на својот Јутјуб канал како сингл од албумот „Кукла жива“ ќе ја промовира песната „Drama Queen“ .

фото: Instagram printscreen/ tamaratodevska

To top