По една година шпекулации и чести папарацо снимки, Џиџи Хадид (30) и Бредли Купер (50) конечно јавно ја потврдија својата врска.
Манекенката Џиџи Хадид сподели серија фотографии од прославата на својот роденден на Инстаграм, а меѓу нив имаше и една што ги изненади сите – таа се бакнува со својот партнер, Бредли Купер.

Оваа објава не е големо изненадување со оглед на тоа што Џиџи и Бредли се видени заедно неколкупати, но избегнуваа јавни коментари за нивната врска.
Сепак, со објавата, Џиџи не ја криеше својата среќа и благодарност за сè што постигнала во животот, нагласувајќи дека е среќна што е мајка, сестра, пријателка и партнерка.

– Се чувствувам толку среќна што имам 30 години. Среќна сум за сите подеми и падови, за сите лекции и подароци што ми ги донесоа. Среќна сум затоа што сум мајка, пријателка, партнерка, сестра, ќерка и колешка на неверојатни луѓе, напиша Џиџи во описот на својата објава.
На прославата на роденденот присуствуваа нејзините родители, сестрата, како и бројни познати личности, меѓу кои и Ен Хатавеј и Роузи Хантингтон Вајтли.

Џиџи и Бредли станаа родители во претходни врски – таа со пејачот Зејн Малик, а тој со моделот Ирина Шајк.
фото:Instagram printscreen/ bradleycooperroffical/gigihadid




