Новинарот и водител Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци веќе подолг период се бори со тешка болест – канцерот. И покрај досега извршемните оперативни зафати, опаката болест продолжува одново да се појавува. Сега на Зоки му е потребна нова итна операција која чини доста пари. За да биде одново успешно опериранм и неговиот живот спасен и продолжен, неговиот подкаст колега и пријател Стефан Лазаров повика на солидарност и упати јавен апел за донации преку социјалните мрежи, повикувајќи ги сите добри луѓе кои можат финансиски да помогнат.
„Здраво на сите…
Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја.
Зоки има 25cm тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни. Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот како умира.
Затоа мои добри луѓе , ве замолувам да се соединиме и да му помогнеме на човекот кој долго ве смее , да ја победи оваа битка и од понеделник да го пратиме на операција.
На сликата имате сметка за донации, а потребни се околу 15000 евра. Доколку има потреба до среда ќе отвориме и броеви. Фала ви однапред на сите, Господ да ве чува“ – споделил Лазаров на својот Фејсбук профил.