Радио Милева наводно дошол крајот

По 16 години работа соработниците и дадоа колективен отказ на Лепа Брена?!

По 16 години работа соработниците и дадоа колективен отказ на Лепа Брена?!

Саша Мирковиќ на социјалните мрежи активно ги коментира настаните во забавната индустрија.

Сега тој се огласи преку својот Тик-ток профил каде тврди дека Лепа Брена наводно ја напуштил целиот тим по 16 години соработка.

– И еве ги најновите вести, да не сме најдобро информирани во регионот. Имено, целата екипа на Лепа Брена вечерва и врачи отказ. „Од придружните вокали, музичари, менаџери и сите останати членови на тимот и се заблагодари за шеснаесетгодишната соработка“, тврди Саша Мирковиќ.

Лепа Брена се уште не се изјаснила за овие наводи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Најголемата ѕвезда во регионот, Лепа Брена, пред неколку дена приреди уште еден спектакл во Арена Загреб, а исто како и претходната вечер, салата беше распродадена до последното седиште.

По одличното шоу кое синоќа и го приреди на загрепската публика, Брена повторно се качи на сцената и со првите тактови од песната „Влези слободно“ најави дека се чека уште една незаборавна ноќ.

фото:Instagram printscreen/lepabrenaa

To top