Некогашната македонската манекенка и топ модел Виолета Луческа, која јавноста своевремено ја заинтригира и поради туболентната врска со ракометарот Дејан Манасков, вчерашното скопско невреме ја потсети на катастрофата што и се случи пред две години при слично невреме, кога за малку ќе загинеше!

Тогаш, во слична невременска апокалипса над неа падна големо дрво и тешко ја повреди. Врз неа беа извршени сложени операции, имаше тешка повреда на рбетот, по што и се закануваше дури и опасност остатокот од животот да го мине во инвалидска количка.

За среќа, тоа не се случи и по долгото и тешко повеќемесечно опоравување и физикалната рехабилитација, убавата прилепчанка успеа да се врати во нормала. Оттогаш во животот секој ден го слави како да е последен.

Оттогаш минаа две години, а апокалиптичното скопско невреме, какво што оддамна не паметиме, младата прилепчанка ја потсети на оној ден кој сега може да го слави како „втор роденден“, зашто тогаш малку недостасуваше, не дај Боже да и е последен!

Токму затое Виол(Ета) Луческа со пишан статус на своите Инстаграм приказни изарази сочувство со сите што беа погодени, но и потсети на одговорноста кон природата која мораме сите заеднички да ја имаме… И системот и заедницата! Зашто негрижата може сечии живот да промени за само неколку секунди! како што тоа го направи со нејзиниот во кој за среќа, беше избегната најстрашната трагедија!

Фото: Архива/Инстаграм/etaluceski





