Радио Милева радикален чекор

Сите останаа изненадени: Лидија Вукиќевиќ  ја скрати бујната коса за улога (фото)

Сите останаа изненадени: Лидија Вукиќевиќ  ја скрати бујната коса за улога (фото)

Лидија Вукиќевиќ, една од најпрепознатливите актерки на просторите на поранешна Југославија, е позната по својата бујна и прекрасна коса, која со текот на времето стана нејзин заштитен знак.

Сепак, еднаш ја шокираше јавноста со радикален потег – целосно ја скрати својата коса.

„Кога ја започнував кариерата, се снимаа партизански филмови, а јас многу сакав да глумам партизанка. Но, тоа беше невозможно поради мојата густа коса, која не можеше да се сплете во плетенки“, се присети Вукиќевиќ.

Таа откри и како дошло до овој неочекуван потег:

„Еден ден, додека седевме на ручек, мајка ми рече: ‘Направи нешто со таа коса!’. Јас веднаш отидов во бањата и целосно се ишишав. Кога ме виде, беше во шок, не можеше да поверува што направив“.

Иако денеска е славна по улогите како Виолета Попадиќ во серијата „Бољи живот“ и Лилика во „Жикината династија“, нејзиниот пат до успехот не бил лесен.

„Почетоците ми беа најтешки, сакав да докажам дека сум повеќе од „згодна бринета“. Во својот прв интервју изјавив: ‘Јас сум актерка со мозок’. Најважно ми беше да стекнам почит и среќна сум што во тоа успеав“, искрено вели Вукиќевиќ.

Таа откри и дека еднаш ја одбиле за улога поради одбивањето да се соблече.

„Не велам дека актерката не треба да се соблече. Но, тоа мора да има оправдување во приказната на ликот. Кога тоа е неопходно за улогата, не го гледам како понографија, туку како дел од карактерот. Сепак, ако станува збор за маркетинг и привлекување публика, тогаш тој филм не е за мене“, изјави Вукиќевиќ.

фото: printscreen/instgaram/vukiceviclidija

To top