Радио Милева разводот и годи...

Сите гледаат во Ана: По разделбата со Швајнштајгер блеска во најсекси летно издание!

Сите гледаат во Ана: По разделбата со Швајнштајгер блеска во најсекси летно издание!

Додека европските медиуми сè уште не престануваат да ја анализираат разделбата со поранешниот сопруг, легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, поранешната тениска кралица Ана Ивановиќ испрати сосема поинаква порака – ужива, блеска и изгледа подобро од кога било.

Нејзините најнови фотографии од луксузниот одмор во Капри во Италија за само неколку часа ги преплавија социјалните мрежи, а коментарите не престануваат да се нижат. Наместо да зборува за приватниот живот, Ана одлучи сè да каже со насмевка, стил и фотографии кои многумина ги опишуваат како нејзино најатрактивно летно издание досега.

Само еден ден по роденденот на Бастијан Швајнштајгер, Ивановиќ на својот Инстаграм профил објави серија фотографии од италијанското приморје, со што повторно се најде во центарот на вниманието.

На фотографиите таа позира покрај базен со магичен поглед кон морето, облечена во минијатурно бикини, лесни проѕирни наметки и елегантни летни фустани со длабоки прорези кои ја нагласуваат нејзината витка фигура и природна убавина. Нејзиното извајано тело и беспрекорен изглед повторно станаа главна тема на социјалните мрежи.

Фотографиите експресно собраа десетици илјади лајкови, а обожавателите едногласно порачаа дека Ана никогаш не изгледала поубаво.

„Изгледаш неверојатно!“, „Вистинска природна убавина“, „Годините за тебе како да не постојат“, „Поразводно изгледаш уште посреќна и посјајна“, се само дел од илјадниците коментари што се појавија под објавата.

Додека јавноста со внимание го следи секој нов детаљ поврзан со нејзиниот приватен живот, Ана Ивановиќ уште еднаш покажа дека најдобриот одговор на сите шпекулации е насмевката, самодовербата и фотографии кои за миг го освојуваат интернетот.

Фото: Инстаграм/anaivanovic

To top