К15 и нивниот хумот обележаа неспорно една цела епоха. Потоа се што се обидоа да направат надвор од „правењето смешки“ беше бледо, анемично, неуспешно… некои работи дури до ниво „на смешка“! И обидите да направат маркетинг агенција, да држат кафеана, да имат своја телевизија…Сето тоа остана само на обид до обид кој бргу пропадна!
Повратничките концерти неодамна до душа малку ги вратија во живот, но со старите смешки не се освојува нова публика, а старата веќе ги беше видела. За нов живот и хумористично воскресение, многу повеќе… Треба нова инспираци, свежи идеи, нов наместо бајат хумор… А можеби и нова екипа ако старата е потрошена, како што Бранко Огњановски алиас Миле Паника – еден од тројцата од К15 пробал да собере, па да направи нов скеч.

Овој пат празничен, илинденски, или можеби само празникот го искористил за рекламно – инфлуенсерско видео за едикојаси сендвичара – сеедно, со кое упатил илинденска честитка преку веб портал насловен Streamer Mkd (20+) Facebook) ! Арно ама, по се изгледа со илинденското видео Миле Паника го исмеа Илинден до нивото што го проби дното?

Илинденците, македонските херои, интегрирани во некогашниот К15 хумор исто така и порано ги имаше и тоа никому не му пречеше, зашто беше направено со вкус, со усул и мерка… А, ова сега?

Изгледа како играње „ку*ташак“ со најсветите македонски историски личности, со оние за кои и денес битка биеме и борба водиме со источниот сосед за историските прашања, од кои и зависи и европската иднина на Македонија.
Дека Миле Паника и ортаците ја утнале својата тактика и ја прекардашиле со невкусната зафрканција, доволно е да го погледнете клипот… Ако пак ги прочитате и коментарите што се редат под него, ќе сфатите дека Миле Паника невкусот го довел до нивото што навистина го пробива и дното.

Брату Миле – инфлуенсеру… Имај барем малку усул, имај барем грам… Историјата на Македонија не е Инстаграм!
Освен ако сево ова некој не ти го сместил сам, без твое знаење со интервенција на вештачката интелигенција!?
Фото и видео: Фејсбук принтскрин/Streamer Mkd



