Радио Милева со знамето в раце за Денот на Републиката

Три познати Македонки како секси бајрактарки упатија илинденски честитки: ТВ новинарката на јахта, манекенката на коњ, актерката на зебра!

Три познати Македонки како секси бајрактарки упатија илинденски честитки: ТВ новинарката на јахта, манекенката на коњ, актерката на зебра!

Празникот Илинден, најголемиот и најсветиот ден во македонската историја нема Македонец на светов кој не го слави и честита. Од политичарите, преку познатите, до обичните граѓани. Во овие модерни времиња честитките најмногу пристигнуваат преку медиумите и особено преку социјалните мрежи, преку кои повеќето од нас си го честитаа Денот на Републиката.

Меѓу сите други и три познати Македонки. Јавни личности, секоја позната и доволно успешна во својата професија, а професиите различни. Едната ТВ новинарка во Информативната програма на јавниот сервис – МРТ, другата некогашна манекенка и модел, а сега коњички тренер и џокеј, третата позната театарска и филмска актерка… И сите три со бајракот в раце. Која со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш, која со актуелното македонско знаме.

ТВ новинарката на МТВ, Александра Спировска, Илинден го честиташе од јахта.

Качена на клунот на луксузното пловило, во бикини, сексапилната русокоса среде пловидба високо го развеала знамето со сонцето од Кутлеш, па со насмевка ја упатила илинденската честитка во Фејсбук постот што го споделила:

„Тој е завет, гордост и вечен пламен што ја осветлува Македонија. Честит Илинден!“ – напишала Александра.

Некогашната манекенка и модел, сега инструктор по јавање и самата коњички џокеј, Цеце Орешкова, сега Георгиев, бајракот со шеснаесткракото сонце го развила и наземи и на коња качена.

Налик на Сирма војвода или опената Тодорка комита во познатата песна „Крушево абер пристигна“, како дел од коњаница Св.Ѓорѓи Победоносец од која по повод празникот и самата беше дел.

Македонската актерка Камка Тоциновски која пошироката јавност ја запозна по улогите во филмовите на Милчо Манчевски и регионалната ТВ серија „Беса“ исто така го честиташе Илинден на начин што е многу необичен.

Завиткана со актуелното македонско знаме околу себе, со доза еротска дилема дали нешто под него носи на себе, а зад неа знамето и го придржува познатиот ДЈ Зоран Ристевски попознат како Зоки Бејбе.

„Честит Илинден“ – споделила актерката онака заводливо насмеана, со фотографијата направена среде бел ден на еден булевар во главниот град, на пешачки премин на жешкиот скопскиот асфалт!

Се’ на се’, трите познати  Македонки како секси бајрактарки упатија илинденски честитки: ТВ новинарката на јахта, манекенката на коњ, актерката на зебра!

Фото: Инстаграм и Фејсбук/cecegeorgiev/Kamka Tocinovski/Александра Спировска/AI Chat GPT

 

To top