Летото е иделно за одмор ама и за добар маркетинг на познатите личности од естрадата. Згодно годишно доба кое нуди безброј прилики естрадата да покаже со што располага, зашто плажата, сонцето, морето, езерото или базенот нудат поголема можност од сцената… Сепак, жештините и социјалните мрежи се идеално место за промоции на сопствените пропорции!
Ако ги „прочешлате“ Фејсбук и Инстаграм ќе налетате на исто толку жешки, а кај некои и повеќе од тоа фотографии, кои не изостанаа и овој викенд да осамнат на Интернет.
-Александра Накова живее најблизу до море…

Во Гевгелија е, ама најчесто користи базен. И тоа или оној во едно од најпознатите гевгелиски казина или хотелскиот онаму каде што престојува.

Така е речиси секој викенд, А Накова, вообичаено распослана на лежалката умее да покаже се’, па и каква и е ружичката…

Онаа, тетовираната на левиот колк, се разбира!

-Мелита пак, уште еднаш не пропушти да потсети на своето „змиско тело“, ама и таквиот табиет, кога „ќе и стапнете на опашка“, односно кога ќе ја налутите.

Тогаш – ве брише… И тоа без гумичка… за бришење! Едноставно: Не постоите!

–Љупка Митрова исто така покажа дека не трпи жештини, па спарината ја реши на друг начин: Отпатува за да спои убаво и корисно. Ем голата коже полесно дише, ем е поатрактивна за фотообјективот и нова фотосесија.

А, кога си на плажа, жештината се решава таму каде што ти е најжешкo, во случајов на Љупка, од половина надолу…
На луфтирање со кренати и широко раширени нозе… Но, само затоа што жената објавува секси фотографии не значи дека е лесно да се добие.

Околината и јавноста колку сака нека „бруи“, важно е свежиот воздух да може, подобро да струи!

–Ана Стојанова е позната како сексипилната фитнес инструкторка и мотиватор, која се залага за здрав живот, физичка активност и здрава исхрана во својата програма. Нејзиниот изглед и бујните телесни атрибути се одново на програма, на нејзиниот Инстаграм профил. Овој пат не е плажа, ноќен провод е… Техно журка некаде во Италија.

Но и кога е доволно облечена, штом ја погледнете одзади, веднаш почнувате да чувствувате промена на себе…

Таму каде што машкиот поглед запира, возбудата расте, извира…

И не треба да поминат ни 60 секунди време, за да ја почувствувате промената на себе!
Фото: Инстаграм





