Пејачката Анабела Атијас има три ќерки, а додека нејзините наследнички Луна и Нина Ѓогани се добро познати на јавноста, таа сега проговори за својата најмлада, Бланкица. Имено, Анабела откри дека ќерката што ја има од вториот брак со Андрија Атијас е доста различна од нејзините сестри, и дека не е заинтересирана да биде експонирана.
– Таа е многу добро дете и немам никакви проблеми со неа. Слуша странска музика. Има добар избор. Сè уште не стигнала до фазата да знае што ќе биде, но е малку загрижена, ме прашува: „Мамо, сè е вештачка интелигенција, што ќе учам?“ Таа е многу добра во технологијата, а јас ѝ велам дека универзумот ќе смисли нешто за неа, можеби ќе го направи тоа. Важно е што го сака тоа што го прави, јас ѝ дозволувам, не сум една од оние мајки што се наметнуваат на своите деца.. Таа не следи реалити шоуа и не е од тој свет, тоа не ја интересира – вели пејачката за Информер.

Таа се осврна и на својата ќерка Нина, која привлекува внимание од јавноста со својот атрактивен изглед.
– Нина е експонирана на социјалните мрежи, но не планира да се занимава со јавна работа. Почна да се појавува, еве неколку пати како гостува, но повеќе затоа што почна да се занимава со тие реклами, малку спорт, малку шминка… – вели Атијас.

На прашањето која е тајната на нејзиниот младешки изглед, таа одговорила:
– Нема многу тајни, но можеби тој позитивен дух и енергија. Фала му на Бога што го имам тој внатрешен мир во моментов. Ве советувам само да работите на мирот во вашата душа – рекла таа низ смеа.
Многумина велат дека таа е и најжешката баба на сцената, но пејачката скромно додава дека има многу пејачки кои можат да се пофалат со одличен изглед.
Foto: Printscreen/Instagram/nina_djoganii







