Радио Милева се уште има надеж

Екс-снаата на Кеба не се откажува од намерата да биде пејачка, нејзиниот потег ги изненади сите (видео)

Екс-снаата на Кеба не се откажува од намерата да биде пејачка, нејзиниот потег ги изненади сите (видео)

Поранешната сопруга на Игор Којиќ, Софија Дачиќ, повторно го привлече вниманието на јавноста со појавувањето на аудицијата за новата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“.

Софија се надева дека овој пат ќе има повеќе среќа и дека ќе успее да се пласира во следната рунда од натпреварувањето, нагласувајќи дека во меѓувреме стекнала дополнително искуство и работела на себе.

На прашањето зошто повторно се пријавила, таа одговори со насмевка:

– Дојдов да ве посетам и да ви покажам што научив во текот на овој период. Сега имам малку искуство, па верувам дека ќе биде подобро.

Таа наведува дека часовите по пеење се дел од нејзиното секојдневие долго време, но дека во последниот период станале многу поинтензивни, бидејќи планира да ја сними и својата прва песна.

– Почнав да работам и сфатив дека нема подобро искуство од тоа. Го сфатив тоа и претпоставувам дека се подобрив – додаде Софија за српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOFIJA DACIĆ (@sofijakaosofija)

Таа се осврна и на одност со нејзиниот поранешен свекор, пејачот Драган Којиќ Кеба, нагласувајќи дека претходно имале добри односи, но дека по нејзиното елиминирање од натпреварот, контактот не бил продолжен.

– Инаку немаме никаков контакт, и се надевам дека ќе бидат среќни за мене како минатиот пат ако сега ја поминам аудицијата – рече Софија низ насмевка.

фото:Printscreen/Instagram/sofijakaosofija

To top