Вештачката интелигенција се најде помеѓу доброто и злото. Нејзиното постоење веќе е неспорно и стана дел од секојдневието на луѓето. Сите ја прашуваат за совет или решение, а таа често успева да го направи возможно дури и она што ни се чини невозможно. Токму тоа се случи и со македонската тв водителка Снеже Велков.
На својата активна Инстаграм страница таа сподели фотографија на која минатото и сегашноста ги спои со помош на АИ.
Снеже реши да проба филтер што додава слика од неа кога била мала и слика од сега кога е возрасна. Резултатот е на една сцена се појавува истата личност, две различни возрасти, прикажани како се гушкаат.

За многумина тоа е емотивно и симболично, убав спој на сеќавањата и искуствата. Но, истовремено, ефектот може да делува и малку језиво… интензитетот на реализмот што го создава АИ лесно ги брише границите помеѓу вистинското и дигитално реконструираното.
Така и Снеже го опиша чувството под фотографијата: „Снеже ќе го гушне малото Снеже. Малку језивко , а малку преубавко“.

Оваа мала ситуација ја илустрира двојноста на современата технологија, колку може да нè воодушеви и растажи во исто време.
Како општество, останува важното прашaње , до каде ги поставуваме границите на АИ-манипулацијата на нашите сеќавања и кои етички правила ќе ги прифатиме додека ја користиме оваа моќна алатка во секојдневниот живот?
Foto: printcreen/instgaram/snezevelkov






