Радио Милева за вистинските вредности

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет, а за мама Нина не беа „негова среќа“, туку ги остави на некој друг

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет, а за мама Нина не беа „негова среќа“, туку ги остави на некој друг

Изминатиот викенд сопругата на актуелниот министер за спорт, Борко Ристовски, Николина, заедно со сончето Душан се најдоа во ситуација за која малкумина би реагирале како што направи мама Нина.

Имено, министерската сопруга заедно со синчето пазарејќи во еден од поголемите скопски маркети била затечена од тоа дека малиот нашол банкнота од петстотини евра.

Без многу размислување, сакајќи да му посочи и да го научи на вистинските вредности, Николина наместо да му каже дека парите се негова среќа, таа решила да ги предаде на касиерките од маркетот, а на Душан веројатно да му каже дека губењето на перите е всушност нечија несреќа и истите не се негови.

За полесно да се најде сопственикот, сируацијата таа ја раскажа на Фејсбук со намера дека ќе помогне објавата да се рашири низ социјалните мрежи, а камерите од маркетот за да се најде вистинскиот сопственик.

Ваквиот гест е еден редок позитивен пример, а дали среќата ќе го послужи оној вистинскиот, па од несреќа да го биде изненаден од совесност, чесност и добрина, останува само на чиста претпоставка…

фото:Facebook/ Nikolina Nina Ristovska

To top