Радио Милева не знаела поинаку

„Што се’ не држи земјата?!“ Старлетата Ава Карабатиќ бара 15 илјади евра од следбениците за да оди на Малдиви и да ги смени силиконските гради

„Што се’ не држи земјата?!“ Старлетата Ава Карабатиќ бара 15 илјади евра од следбениците за да оди на Малдиви и да ги смени силиконските гради

Старлетата Ава Карабатиќ на социјалната мрежа Инстаграм побара од своите следбеници да ѝ донираат пари за патување на Малдиви и за нови силикони.

Старлетата и ријалити ѕвезда Ава Карабатиќ повторно ја шокираше јавноста со својата најнова објава на социјалните мрежи, со која директно побара финансиска помош од своите следбеници.

Без влакна на јазикот, Ава објави повик до своите обожаватели да ѝ уплатат пари за да ги исполни своите животни желби. Бара 15.000 евра за нов изглед и патување!

Ава отворено порачува дека ѝ се потребни пари за да отпатува на Малдиви и да ги замени старите силикони во градите.

„Драги мои, помогнете ми да заминам на Малдиви и да вградам поголеми гради. Секогаш ми беше желба да одам на Малдиви, а сè уште немам отидено. А градите ми требаат малку поголеми бидејќи јас силиконите ги вградив пред 20 години и треба да се менуваат бидејќи тоа не беа трајни, како што прават сега, секој ден ми е ризик бидејќи микропластиката полека ми го труе телото. Сè заедно ќе ми требаат околу 15.000€. Ако се прашувате што имате вие од тоа, имате секако, бидејќи ќе објавувам попровокативни слики со новите гради. Знам дека нема да ме разочарате. Јас барем сум искрена. Можам да пишам дека ми треба за храна и за живот, ама зошто лаги. Е*аго, не сум навикната да работам, секогаш сè добивав на готово и што можам јас тука, ајде луѓе, верувам во вас…“, напиша старлетата во објавата.

Коментарите на ваквата шокантана објава не престануваат да се редат: „Што се не сржи земјата“, „ Ау Боже“, „и јас не сакам да работам“… се само мал дел од реакциите кои видоа што бара Карабатиќ.

фото:

To top