Сестрите Тамара и Тијана ретко се задно, зашто живеат во различни градови, држави, на раздалечина која не е и така голема, ама сепак ги спречува постојано да ги делат заедничките мигови како некогаш, кога беа мали.
Но, затоа пак кога ќе имаат можност и прилика да се видат, речеси е невозможн0о да не им е забавно… И ним и на сите околу нив.

Така минатиов осмомартовски викенд сестрите го минаа заедно. Саботата навечер на „тезга“ во Струмица, каде Тамара веќе имала закажан настап во еден познат локал, а Тијана ја придружуваше и како специјална гостинка испеа неколку песни сама , а и заедно со својата помала сестра.
Како што е познато ноќните свирки траат до доцна во ноќта, а и патот од Струмица до Скоје не е мал, па сестрите дома се прибрале во неделата пред зори. И ништо чудно и необично, да не мораа тој ден ем рано да легнат, ем уште порано да станат. Не зори зоро заради виши цели, па наместо спиење сетрите тргнаа на женско рели. Традиционалната манифестација која по шести пат се одржа и годинава во организација на Автомобилската федерација на Македонија.

Она што е ветено мора да се реализира, па спиени, не спиени, сестрите се најдоа пред натпрварувачкиот предизвик што го слави женскиот дух во мотоспортот. Тамара зад воланот, онака дива и баеги осмелена, а Тијана на совозачкото седиште како асистент подготвена да помогне во секој момент… Или барем така требаше да биде…

А женското рели структурирано во два дела: градско возење по однапред зададена рута која се добива непосредно пред почетокот на релито и брзински испит т.н. гимкана.
Во првиот испит вака или онака, Тијана и асистираше на Тамара, за да не се се загубат во скопската афалтна џунгла. Зададената рута ја минаа успешно дури многу пред времето што им беше зададено!

Кога дојдоа на зададеното одредиште каде што се возеше брзинскиот испит или т.н. гимкана, само што не ја стрефи срце Тијана.
Тамара зад воланот онака дива и уште повеќе осоколена, а Тијана на совозачкото, со падната вилица до колена, имаше потреба од пелена!


Но, возачките бравурии на помалата од сестрите на крајот се исплатеа, па откако Тамара извозе така што другите можеа само да и гледаат во ауспух, Тијана изгледаше бледа, како да видела дух!
Шокот и стравот со извесна доза на стрес на крајот сепак надминати, иако Тијана друг пат на ваква егзибиција тешко дека ќе се согласи! Сепак, крајот делото го краси, па пехарите за победата блескаат во рацете на распеаните сестри како лампиони… Тамара и Тијана – годинешни женски рели шампиони!

Кој сака, нека честита! На Тамара на умешноста, брзината, вештината… на Тијана на храброста што додржа… На совозачкото да не остави локва!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/tamaratodevska-tijana.dapcevic







