Пејачката Александра Пријовиќ ја потврди убавата вест.
Фолк ѕвездата го очекува своето второ дете со сопругот Филип Живојиновиќ.
„Вистина е, трудна сум. Ви благодарам на честитките“, изјавила кратко таа за српски Блиц.
Со концерт во белградска арена на 22 декември, таа ја заврши турнејата и реши на одредено време целосно да се повлече од сцената.
Таа го одржа својот последен настап на Златибор на новогодишната ноќ.
Александра и Филип го добија синот Александар пред шест години, на 6 март 2019 година.
фото: printscreen/instagram