Мегафон неофицијално...

Се чека официјална потврда: Македонија ќе биде домаќин на „Детскиот Евросонг 2026“

Се чека официјална потврда: Македонија ќе биде домаќин на „Детскиот Евросонг 2026“

Македонија е избрана за домаќин на „Детскиот Евросонг 2026“, објави порталот Eurofestival News. Доколку информацијата се потврди, ова ќе биде првпат евровизиски настан да се одржи во Македонија, како и првпат во земја од поранешна Југославија по Eurovision Song Contest 2008 во Белград.

Генералниот директор на San Marino RTV, Роберто Серџо, откри дека Франција се повлекла од кандидатурата, по што домаќинството му припаднало на Северна Македонија.

„Франција се откажа, а Северна Македонија беше пред нас во апликацијата, така што тие ќе бидат домаќини“, изјави Серџо.

По оваа изјава следувала дискусија меѓу генералниот директор и шефот на делегацијата, Дени Монеци, при што Серџо рекол: „Франција се откажа, па ќе одиме… Не се сеќавам каде. Во Црна Гора? Не, во Северна Македонија. Не требаше да го кажам, но веќе го кажав.“

Официјална потврда за информацијата сè уште се очекува од Европската радиодифузна унија и од Македонска радио-телевизија. Доколку се потврди, тоа ќе биде првиот евровизиски натпревар што ќе се одржи во земјава.

Организацијата на Детскиот Евросонг би значела и голема меѓународна промоција за земјата, со учество на десетици држави и милионска публика која традиционално го следи овој популарен музички натпревар.

To top