Познатата брачна двојка Сара Мејс и Димитар Атанасовки живеат во куќа во скопска Пинтија, приградска населба на околу 10-тина киломентри од централното градско подрачје каде првата асоцијација е дека би требало да се живее помирен живот и поблизу до природата.
Арно ама, дури и да не се живее нешто подалеку од градскиот метеж, тоа не е услов да биде се’ убаво и како што треба.

Димитар и Сара се едни од најактивните корисници на социјалните мрежи кои редовно знаат да покажат како им минува секојдневието, па резерва нема ни за добро, ни за лошо.
Овој пат е она второто. Имено, Димитар и Сара се разочарани и револтирани од несовесното фрлање отпад на блискиот комшилак кој очигледно нема ни грам совест за штетата која на нанесува генерално кон природата и сите околу, а секако кон иднината…

Грам совест нема, но има килограми ѓубре во ваква или онаква форма расфрлано насекаде по патот кој секојдневно го минуваат.
Диме и Сара напомнаа дека редовно чистат зад ваквите уништувачи, но залудно, бидејќи секојдневната слика за жал покажува дека не се пример, туку само мотив дека по нив има кој да исчисти.

-Нема месец дена како исчистивме со Димитар. Па добро бе луѓе, нели Ви е жал за природата? Па и самите Вие тука живеете, нашите деца треба да останат тука исто. Нели малце од малце Ви се пали некогаш сијаличката понекогаш? Немам зборови!- стои во описот на видеото.
До каде вака и дали некогаш ќе „светне сијаличката“?
фото:instagram printscreen/sarahmace__







