Радио Милева двојно повеќе

Сандра Африка има нов ценовник – еве колку пари пејачката ќе зема од настап (фото)

Сандра Африка има нов ценовник – еве колку пари пејачката ќе зема од настап  (фото)

Пејачката Сандра Африка важи за една од најплатените пејачки на поп музиката.

Имено, сега исплива ценовникот на Сандра Африка и наместо 7.000 евра, пејачката зема 14.000 евра по настап, за што неодамна пишуваше емисијата „Ексклузив“.

– Јас не одлучувам за мојата цена. Има менаџери кои прават сè како што треба. Тие одлучуваат како ќе биде и што ќе биде. Точно е дека цената е двојно зголемена, но сето тоа го средуваат.

– Тој дел од работата е нивен. Тука сум само за да пеам – рекла Сандра и додала:

– На свадбите нормално е да се земе голем бакшиш. Со мојата песна „Девојка твога друга“ направив голем успех. На луѓето им се допаѓа тој звук. Понекогаш ја пеам по 20 пати на свадби. Некаде е нормално, а јас за таа песна добив 5.000 евра – заклучи таа неодамна во емисијата „Ексклузив“.

 

Фото: prntskrin/instagram/sandraafrika

To top