Радио Милева го одврза кесето

Рале потроши цело богатство за подарок: Ана Николиќ го покажа, па јавно го„ пецна“ (видео)

Рале потроши цело богатство за подарок: Ана Николиќ го покажа, па јавно го„ пецна“ (видео)

Српската пејачка Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ Рале неодамна се смирија по јавното раскинување, а сега пејачката се пофали со скап подарок.

Пејачката Ана Николиќ влезе во бурна врска со композиторот Рале, кој ја изненади со сериозен подарок.

Рале сериозно го одврзал ќесето, па на Ана ѝ подарил нереални очила опточени со кристали „Сваровски“ и обетки од овој познат бренд.

Ана на својот инстаграм-профил покажа дека од своето момче добила скап накит и очила со  кристали „Сваровски“.

„Кога мажот сака жена, тој е подготвен на сè освен да ѝ каже… Благодарам љубов“, напишала таа.

Да потсетиме, Ана Николиќ неодамна јавно раскина со Рале и објави емотивна порака.

– Би се обложила на тебе дека ме сакаш. Знаеше сè и направи сè исто. Најлоша е темнината пред зори. И ова не е мој стил, но кога некој ги знае сите твои слабости и грубо ги злоупотребува против тебе под слоганот: „Но, јас те сакам“, тоа се вика предавство. Тоа никому не му го простувам – разочарана била пејачката.

To top