Радио Милева на гости

„Рај на земјата“ – Сара и Димитар на пролетна авантура во Холандија (фото)

„Рај на земјата“ – Сара и Димитар на пролетна авантура во Холандија  (фото)

Познатите Македонци пролетната убавина се одлучија да ја почувствуваат и надвор од нашите граници.

Едни од нив беа и познатиот брачен пар Сара Мејс и Димитар Атанасовски  со наследниците Илина и Кирил кои судејќи според фотографиите кои ги споделија на социјалната мрежа Инстаграм навистина уживаат.

Тие се одлучија пролетните слободни денови да ги потрошат во Холандија со повод. Имено, тие таму  направиле и една убава фамилијарна дружба.

Харфистката и пејачка Сара Мејс, ја улови атмосферата од прошетката низ  холандското село Хитхорн. На нејзините следбеници им се допадна изборот што го напрравиле и ја подржаа со многу допаѓања.

Тие одлучија да ги наполнат батериите од убавините за кои Сара немаше доволно зборови да ги опише колку се воодушевиле.

„Немам зборови да ја опишам естетикава, па ставам слики во прилог. Одприлика да ви споделам како се чувствувам  –  напиша Сара.

Секако не пропуштија да се возат и со бротче по каналите воодушевуајќи се од изгледот на местото.

Убавиите кои ги споделија остануваат за спомен , а новото искувство од пролетното патување уште долго ќе го раскажуваат.

фото: printscreen/instgaram

To top