Поминаа шест месеци откако минатогодишната победничка на „Ѕвездите на Гранд“, струмичанката Славица Ангелова ја објави својата прва песна под закрила на „Гранд“ продукција насловена „Руже и крв“, а сега дојде време за нешто ново.
Славица за својата втора песна во кариерата откако стана регионално позната, се реши да биде дуетска и отпеана на македонски јазик.
View this post on Instagram
Темата насловена „Стакла“ е ново искуство и заедничка со Панче Касапски кој освен вокално надополнување на Ангелова, се потпишува на музиката и аранжманот, додека текстот е на Робин Зимбаков.
Прсти замеша и Роберт Билбилов во чие студио беше продуцирана финалната верзија. Песната не остана без видео запис кој во целост го комплетира музичкото дело.
Како звучат и изгледаат Славица и Панче во пакет, погледнете од видеото во продолжение:
фото:Instagram printskreen/ slavica.angelova/ You Tube