Радио Милева малер

Прво огласување на Теа Таировиќ по несреќата: Пејачката ги откри сите детали (фото) 

Прво огласување на Теа Таировиќ по несреќата: Пејачката ги откри сите детали (фото) 

Пејачката Теа Таировиќ вчера одржа концерт иако на само неколку часа пред настапот се здоби со тешка повреда на раката.

Познато е дека Теа Таировиќ е вистински професионалец кога е во прашање нејзината работа, а тоа го потврди и синоќа кога на сцената излезе со лонгета на рака.

Имено, Теа пред нејзината куќа паднала незгодно  на нејзината рака која за жал ја скршила. Брзо била однесена во итната медицинска помош каде и ставиле лонгета, а потоа го одржала концертот како ништо да не се случило.

Пејачката сега се огласи на својот Инстаграм профил, објасни што се случи и на своите фанови им испрати моќна порака:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

-Прв пат во моите неполни 28 години скршив рака, но вие знаете дека вашата балерина не се откажува. Некако секоја година пред албумот ми се случува нешто лошо и ова време сè помина толку неочекувано глатко што едноставно се исплашив (кога – сепак). Нека, ова е добро – против малер. Шала на страна, повредата не е страшна, брзо закрепнувам..  – изјави пејачката, а потоа додаде:

– Не се откажувајте… Некој таму горе можеби гледа, пишува… Ве сака Т.

Фото: printskrin/instagram/tea_tairovic

To top