Радио Милева се огласи

Прва фотографија на Раста по операцијата: Раперот ја искористи приликата да се слика со својот татко (фото)

Прва фотографија на Раста по операцијата:  Раперот ја искористи приликата да се слика со својот татко (фото)

Раперот сподели слика на својот Инстаграм профил и покажа како изгледа по операцијата.

Познатиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста бил опериран, а интервенцијата поминала добро.

Тој пред два дена итно бил примен во болница поради болки во ‘рбетот, поради што не можел да оди, а лекарите го известиле дека состојбата е посериозна отколку што мислел.

Откако се разбудил од анестезија, раперот веднаш се огласил на својот Инстаграм профил и им се заблагодарил на обожавателите што се грижат за него, а се заблагодарил и на докторот кој го оперирал. Стефан сега сподели уште една фотографија на споменатата социјална мрежа. Имено, на гости дошол неговиот татко, кого јавноста нема можност често да го гледа.

Раперот ја искористи приликата да се слика со својот татко и одеднаш да им покаже на обожавателите како изгледа по интервенцијата што ја имаше денеска.

фото: printskrin/instagram/stefan_djuric_rasta

To top