Мегафон тажна вест

Познатиот пејач ја изгуби битката со болеста на 67 годишна возраст

Познатиот пејач ја изгуби битката со болеста на 67 годишна возраст

Почина првиот пејач на легендарната група Ајрон Мејден, познатиот Пол Ди’Ано. Имаше 67 години.

Во оваа прилика неговата поранешна издавачка куќа објави:

„Во име на неговото семејство и „Conquest Music“, со тага почина Пол Ендрјус, професионално познат како Пол Ди’Ано“, објави неговата издавачка куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul Di’Anno (@pauldiannoofficial)

Пејачот починал во својот дом во Солсбери, Англија.

Пол Ди’Ано беше легендарен пејач чиј експлозивен хеви метал вокал и енергичниот панк рок став засекогаш ја променија музичката сцена. Откако се приклучи на „Ајрон Мејден“ во 1979 година, бендот стана светска атракција за само една година.

Од 1979 година, Пол Ди’Ано има издадено огромен број албуми со „Ајрон Мејден“, Battlezoen, Killers, Gogmagog и како соло изведувач и свирел илјадници концерти низ целиот свет. Неговата кариера ненадејно беше прекината пред 11 години поради низа здравствени проблеми кои го оставија во инвалидска количка. Благодарение на бројните фанови, Пол не беше заборавен; собрале пари за негово лекување и рехабилитација, а го оперирале врвни лекари од Хрватска.

Иако изгледаше дека состојбата оди на подобро, Пол ја забуби битката со болеста.

фото:Instagram printscreen/ pauldiannoofficial

To top