Познатиот македонски актер Владо Јовановски стана дедо. Тој на својот Фејсбук објави видео на која се весели, со широка насмевка на лицето и во прегратка на својот син Григор, заедно со него распеани го слават доаѓањето на приновата во семејството Јовановски.
Прославата се одвивала во еден скопски локал каде синот на актерот ги собрал најблиските, каде според познатиот традиционален обичај, да почести со мекици за доаѓањето на свет на наследникот.
„Дедо Владо е татко на таткото на Михаил – Григор!“ – споделил актерот откривајќи го името на внукот!

А, песната е неизбежна кога срцето ти се радува, та дури и ја промашил строфата…
„Не е важно дали ќе ја погодиш песната, прекрасно е’ кога срцето ти се радува! Сите да си дочекате ваква радост, од се’ срце Ви посакувам!“ – споделил Владо покрај видеото!
Ама ни радоста, ни песната, а ни веселбата тука не завршува… Софрата поставена, најблиските на неа, мекиците послужени, а славениците ептен расположени… Меѓу сите најрасположен, најраспеан и највесел гордиот дедо… Додека музиката ја изведува онаа неговата, на увце му сири виолината, а Владо со чашка стара жолта наздравува и со полни гради ја пее – „Заветна“, откако овој пат судбината направи, срцето неизмерно да му се радува!
„Ете и мекиците за внукот Михаил биднаа! Станав дедо! На секого му посакувам да си дочека ваква радост“ – споделил актерот и голем македонски патриот Владо Јовановски на својот Фејсбук профил.


Нека му е жив и здрав внукот, да го следи безгрижно детство, среќа, успеси, цел живот да ги прави горди и неговите родители и дедо Владо и целото семејство Јовановски.
Инаку Владо Јовановски стана свекор во јуни минатата, 2025 година, кога неговиот син Григор ја ожени неговата девојка Сара.

Тогаш актерот објави неколку фотографии, од кои една на која се гледа како се весели, со широк насмевка на лицето, додека зад него се вее знамето на „Кутлеш“. Сликата од среќниот свекор беше потпишана со една реченица: „Една идентитетска … Маж, жена, сонце, радост и среќа!“, и веднаш привлече внимание и предизвика бројни честитки од пријателите, колегите и обожавателите на актерот.


Јовановски подоцна објави и момент од одењето по невестата во нејзиниот дом.


Фото и видео: Фејсбук/Vlado Jovanovski





