За младатата и популарна пејачка Антониа Гиговска секојдневието е една голема брканица и трка со време.
Сепак, таа успешно жонглира со обврските да биде пред се мајка, а потоа и една од најактивните и најбараните поп пејачки од македонската естрада.
Дека се носи со секој предизвик пред неа покажува што успева да најде време за се’, сигурно со помош и асистенција од семејството кое е вклучено и во одгледувањето на бебето Киан, а исто и во помош околу нејзината кариера.
Дека славата и естрадниот живот не се нималку лесни, знае и самата, но што е тука е, па затоа таа сосема добро се движи и „кога е магла“.
Сцената бара работа, а посветеност се бара и кон фановите, публиката која ја сака и поддржува. Денот на Антониа не и минува без теретана, ама не и без салони за убавина. Многумина коментираат дека таа не личи на себе откако ослабе и тоа драстично, па на едни од поновите фотографии е речиси непрепознатлива.
Шминката секогаш задолжителна, особено онаа тешката сценска, а во една прилика на своите „стори“ на Инстаграм Гиговска изненади со фотографија од која ретко ја гледаме во такво издание.
Веројатно на пат, натака- навака, Тониа над себе имаше повторно рефлектор, но овој беше сончев – природен, а таа сосема ослободена од тешката сценска шминка.
Коментарите беа дека природно си е природно и дека изгледа свежо и убаво, вака храрба да го покаже лицето во природно издание.
Сепак, публиката секогаш бара нешто да биде ново и интересно, а Тониа и тоа како се труди секогаш да им биде различна и поинаква од претходно, а последно им побара сугестија во каков стил сакаат да биде нејзината следна песна.
фото:Facebook/ Antonia Gigovska