Пченкарниот ослич е вкусно и едноставно јадење со крцкава златна кора и сочно месо. Мариниран со кромид, лук и зачини, а потоа валкан во пченкарно брашно, добива богат вкус и пријатна крцкавост.
Состојки:
2 ослича
неколку лажици пченкарно брашно
сол, вегета и црн бибер по вкус
3 чешниња лук
1 главица кромид
масло за маринирање и пржење
гранче рузмарин
Подготовка: Доколку рибата е цела, исчистете ја, отстранете ги главата, опашката и внатрешноста. Пресечете го осличот на половина за побрзо и порамномерно да се испржи. Ситно исечкајте ги кромидот и лукот. Зачинете ја рибата со сол, вегета и црн бибер. Додајте ги кромидот, лукот и рузмаринот, прелијте со малку масло и добро втријте ја маринадата. Оставете да се маринира околу 30 минути. Пред пржење, отстранете ги кромидот и лукот, а рибата извалкајте ја во пченкарно брашно. Пржете во добро загреано масло додека не добие златно-кафеава боја од двете страни. Извадете ја на хартиена салфетка за да се впие вишокот масло.
Послужете го пченкарниот ослич со компир салата или свежа сезонска салата







