Пејачот Харис Џиновиќ синоќа одржа концерт во Сава Центар каде се собраа бројни познати личности да уживаат во неговата музика и да му дадат поддршка на колегата.
Меѓу првите пристигна Неда Украден, која седна во првиот ред.
За време на настапот, Харис ја забележал од сцената, го прекинал концертот и се симнал во публиката за да и пее одблизу.
Неда потоа стана и заигра, а откако помина малку време пеејќи покрај неа, Харис го обиколи остатокот од публиката создавајќи незаборавна атмосфера.
фото: printscreen/Instagram/harisdzinovic_official