Братот на Дарко Лазиќ, Драган Лазиќ, неодамна загина во сообраќајна несреќа, а пејачот реши да му посвети песна.

Тој вчера снимаше видео, за кое ги информираше своите следбеници на социјалните мрежи, кое ги трогна, а најголема поддршка му пружи неговиот колега Радиша Трајковиќ Ѓани.

Имено, Дарко Лазиќ сподели низа објави од снимањето на видеото на Инстаграм, а во еден кадар може да се види неговиот колега Радиша Трајковиќ Ѓани како стои покрај својот колега во најтешките моменти.

Драган Лазиќ почина на 33-годишна возраст, оставајќи зад себе семејство, сопруга и две ќерки.

Пријателите и колегите тогаш веднаш се собраа во семејниот дом на Лазиќ во Брестач за да бидат со семејството во нивниот најтежок момент.
фото: printscreen/instagramdarcolazik







