Џорџина Родригез, сопругата на фудбалерот Кристијано Роналдо, привлече големо внимание и ја подели јавноста со своето појавување на црвениот тепих во Венеција.
Додека некои се воодушевени од смелоста на Џорџина на 83-от Филмски фестивал во Венеција, други веруваат дека сопругата на Роналдо ја преминала границата на добриот вкус со својот вечерен стајлинг.
Иако пристигна во италијанскиот град во едноставен и беспрекорно елегантен фустан од Гучи, Џорџина Родригез се појави на црвениот тепих во сосема поинакво издание.

За премиерата на филмот „Господин Нелсон, дали убивавте луѓе?“, во режија на Шиња Цукамото, сопругата на Кристијано Роналдо избра темно син комплет.

Здолништето имаше екстремно длабок шлиц, а деколтето не беше ништо помалку. Облините на Џорџина веднаш станаа главна тема, а многумина го сметаа стилизирањето за премногу смело и на граница на невкусно за таква празнична пригода.

Џорџина го надополни својот изглед со дијамантски накит. Покрај обетките и прстените, најголемо внимание привлече луксузната дијамантска огрлица.

Поради неговата специфична форма, некои се пошегуваа на социјалните мрежи дека донекаде наликува на летен ѓердан од школки.
View this post on Instagram
Родригез носеше чевли од 1.220 долари. Ова се најновите чевли од Гучи, со издолжен зашилен врв, потпетица од 11 сантиметри и препознатлив метален детаљ. Интересно е што Џорџина ги носи овие чевли и во дневни и во вечерни комбинации, а таа избра идентичен модел во бела боја за нејзината тајна венчавка со Роналдо во август во нивниот дом.
Foto: printscreen/instgaram/georginagio





