Промотер

Новиот сингл на Јана Спирковска носи „100 бакнежи“ (видео)

Новиот сингл на Јана Спирковска носи „100 бакнежи“ (видео)

Младата и талентирана пејачка Јана Спирковска ја разбранува домашната музичка сцена со објавувањето на својот најнов сингл насловен „100 бакнежи“.

Станува збор за модерен поп-звук кој доаѓа во пакет со визуелно атрактивен и сензуален видеоспот.

Новиот проект на Јана носи современа, смела и исклучително интимна приказна исполнета со страст, копнеж и игра на привлечноста. Зад квалитетниот аудио-запис стои докажан тим на автори – музиката, аранжманот, миксот и мастерингот се дело на Andrejnik, додека емотивниот текст го потпишува Андреј Попо.

Она што дополнително го издигнува овој проект е филмската естетика на видеото. Визуелната магија е креирана под режисерската палка на „Steadyflow“, кој се погрижи и за монтажата и фотографијата, додека креативни директори на целиот концепт се самиот режисер и Јана Спирковска.

За сценографијата беа задолжени Александар Спасенцовски и Sofidzhe, а во приказната со својот шарм се појавуваат и Ева Јовановска, Драгана Соколовска и Малик Хасановиќ. „100 бакнежи“ дефинитивно означува зрел чекор напред во творештвото на Јана, најавувајќи уште поуспешна ера за нејзиниот музички израз.

фото:You tube printscreen/Jana Spirkovska

To top